Конечно пронајден Светиот грал?!

 

Богато украсен пехар кој е изложен во црквата Сан Исидро, во северозападна Шпанија, е „светиот грал“. Како што тврдат двајца шпански историчари, во оваа црква во Шпанија се наоѓа чашата од која според легендата Исус пиел за време на тајната вечера.

Пехарот до сега бил познат како чаша на Урака, ќерка на фердинанд Први, крал на Леон од 1037 до 1065 година, а е украсен со голем број скапоцени камења, као и злато и оникс.

Историчарите Маргарита Торез и Хозе Мигел Ортега дел Рио по долго истражување откриле дека ова е всушност Исусовиот пехар. Откако е објавена оваа информација голем број лица доаѓаат во црквата за да го видат Светиот грал, поради штоморал да биде преместен на друго место.

Кустосите сега се обидуваат да му најдат соодветен изложбен простор.

01.04.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега