Ракот може да биде предизвикан и од филтерите од цигарите

 

Турскиот универзитет Еркиес објави резултати од истражувања кои покажуваат дека филтерите на цигарите не штитат од рак, туку напротив истиот го преусмеруваат на другите органи. 

Метин Озкан шеф на Онкологијата при Универзитетот вели дека цигарите со филтер не штитат од рак како што досега преовладуваше во јавното мислење, туку истите допринесуваат за негово ширење, предизвикувајќи најпрво рак во желудникот кој потоа се шири низ целото тело.

Тој вели дека откако се занимава со онкологија пред 10 години, 70% кај заболените бил присутен ракот епидермоид, а ракот на желудникот го имале 30% од пациентите. Сега соодносот е 80% спрема 20%, но зголемен кај пациентите со рак на желудникот.

Покрај цигарите штетно е и наргилето, во кое има големи количини на катран и канцероген. 

Ситуацијата може да биде страшна и за непушачите доколку подолго време се наоѓаат во простории каде се пуши. 

 

31.03.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега