ФОТО: Цели 40 дена „пости" само со пиво!
Еден Канаѓанец се решил 40 дена да пости, но на доста необичен начин. Се работи за 33-годишниот Крис Шрејер кој се откажал од храната, и повеќе од месец живеел само на пиво!
Канаѓанецот секој свој ден, и сите свои потфати ги објавува на блог "TorontoBeer".
- Без желба да драматизирам, морам да кажам дека ова не е воопшто забавно, туку потегот е многу напорен. Секој оброк е вистински предизвик“, вели Крис кој пиепомало шише пиво наутро, и за ручек, додека за вечера се почестува со поголемо.
Во неговиот потфат му помага и пиварницата од Торонто, која само за него произведува пиво со дополнителна концентрација на јачмен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа