Рекордерка: Девојка помислила на секс 140 пати во еден ден!

 

Мажите дневно помислуваат на секс околу 32 пати, додека жените на секс помислуваат помалку од нив, или на 51 минути.

Последните истражувања покажуваат дека жените имаат еротски мисли околу 18 пати во текот на денот, додека мажите на секс помислуваат на секои 28 минути. Истражувањата од Универзитетот во Охајо во кои биле опфатени млади лица на возраст од 18 до 25 години, дефинитивно ја открија и рекордерката меѓу жените, која верувале или не, на секс помислила 140 пати во текот на само еден ден.

Тоа значи дека оваа девојка ја однесе "победата" во оваа категорија, бидејќи на секои седум минути помислувала на секс во текот на денот.

Во истражувањето било опфатено и колку често дамите и претставниците на посилниот пол помислувале и на храна како и на спиење. Резултатите покажале дека припадничките на понежниот пол на храна помислуваат на секои 15, а на спиење на секои 13 минути.

 

31.03.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега