Поместете ги стрелките на часовникот - од утре летно сметање на времето

Утре во два часот по полноќ започнува летното сметање на времето. Стрелките на часовниците треба да се поместат еден час нанапред односно времето во два часот ќе се смета како 3 часот.

Преминувањето на летното во зимско сметање првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји за да се заштеди енергија бидејќи периодот на дневно светло од раните утрински часови се преместува на вечерните, а трае се до последната недела на октомври во три часот.

29.03.2014 - 10:08
Фото: 
кумановскимуабети

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега