Ни се погоди времето за шетање - од денеска сонце

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

 

29.03.2014 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега