Исчезна првата жена војник во ЈНА - сте ја виделе ли Лилјана?
Веќе 5 месеци нема ни трага ни глас од 55 годишната Лилјана Георгиева од беровско Мачево, која е првата жена војник во ЈНА од Малешевијата. Нејзиниот брат, кој живее сам во трошна куќичка во Мачево бара одговори, каде е неговата сестра, која била работник во фирма за обезбедување во Општина Берово, хуманитарен активиста во Црвениот Крст и крводарител со 190 пати подарена крв, објавува локалната телевизиска станица ТВ Стар.
Лилјана имала тежок живот. Таа останала без својата малолетна ќерка, откако и била одземена поради дисфункционалноста на семејството. Сега нејзините најблиски се прашуваат дали е убиена или самата посегнала по својот живот.
И соседите на Лилјана бараат одговори за нејзиното исчезнување. Колегите, пак, од фирмата за обезбедување не сакале да зборуваат за неа и само потврдиле дека во моментот на исчезнување, таа била на боледување.
И полицијата нe знае каде е беровчанката. Според штипската полиција, исчезнувањето на Лилјана е пријавено на 11. ноември 2013. Повеќе детали од истрагата не сакале да откријат, но, потенцирале дека полициски службеници работат на пронаоѓање на жената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа