Уште денеска пекол - од утре разладување и дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево и топло, со утринска температура до 12 и со дневна до 32 степени.

Во среда попладне и во четврток времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. До среда температурите ќе се задржат високи, а од четврток се очекува опаѓање на температурите за пет степени. 

најчитано сега