МНТ утре ги отвара вратите за љубителите на театарот
Македонскиот народен театар утре од 15 часот и 30 минути до 18 часот ќе ги отвори вратите за љубителите на театарската уметност.
Посетителите ќе имаат можност да го разгледаат новоизградениот објект на МНТ и да се запознаат и дружат со неговите актери, во рамки на Светскиот ден на театарот.
Ќе бидат прочитани македонската и светската порака за театарот, чии автори годинава се Звезда Ангеловска и Брет Бејли.
26.03.2014 - 11:10
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа