Името на Македонија - неизбежна тема пред изборите во Грција

Како што се наближуваат Со доближувањето на локалните избори во Грција, почнаа и препукувањата по социјалните мрежи меѓу кандидатите за градоначалници, при што неизбежна тема е и името на Македонија.

Кандидатот заградоначалник на Солун на „Граѓанската алијанса“ Макис Стерјиу преку својата страница на Фејсбук, му порача на актуелниот градски татко Јанис Бутарис дека „жителите на Солун не ги делат неговите ставови за прашањето за името“ и го повика да има „јасна позиција“ за ова прашање, пренесе МИА.

- Наредните денови почнува нова рунда преговори со цел да се најде взаемно прифатливо решение за името. Градоначалникот на Солун треба да има јасна позиција за името на Скопје. Да не и намигнува на соседната држава и скопјаните да го сметаат за сојузник во обид да се смени историската вистина. Господинот Бутарис треба да го запре флертувањето со Скопје, напиша Стерјиу.

25.03.2014 - 13:31
Фото: 
кикирику

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега