Србите од Косово ја повикаа ЕУ да ја осуди идејата за цепкање на Србија
Градоначалниците на четирите општини во северно Косово, населени главно со Срби, денеска ги повикаа претставниците на ЕУ јавно да ја осудат идејата за цепкање на Србија, изразувајќи разочарување од молчењето на дипломатите по изјавата на „албанските терористи од јужна Србија, во која се закануваат со отцепување на дел од територијата на Србија“.
Градоначалникот на општина Бујановац, Јонуз Муслиу, во вторникот изјави дека ако украинската област Крим се приклучи кон Русија, истото право треба да им се даде и на Албанците во Бујановац и Прешево, кои во 1992 година на референдум одлучија да се приклучат кон Косово.
Градоначалниците на четирите косвски општини за Танјуг изјавија дека три дена трпеливо чекале да ги слушнат претставниците на ЕУ со осуда за оваа изјава. Според нив, политиката на двојни стандарди довела до конфликот во Косово и дека не е можно громогласно да се заштитива територијалната целовитост на Украина, а уште погромогласно да се молчи кога се повикува на цепкање на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа