Момче убило маж во афект бидејќи од него барал орално да го задоволи
Како што пренесуваат српските медиуми 16- годишно дете од Крушевац е осомничено дека убило 55-годишен маж кој од момчето барал орално да го задоволи.
Телото на 55- годишниот маж е пронајдено утрово на старите гробишта, за што веднаш била информирана полицијата.
Како што информираат од полицијата мажот подлегнал на повредите од неколку удари со метална шипка по главата.
Момчето како што пишуваат медиумите веднаш го признал убиството, тврдејќи дека 55- годишниот маж од него барал орално да го задоволи, поради што во момент на афект го убил.
19.03.2014 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа