Во понеделник општина Центар ќе ги руши трафиките
Од понеделник во оптшина Центар ќе се одвива акција на отстранување на времените објекти. Ова денеска го најавија од општината, апелирајќи до сите заинтересирани лица да достават комплетна документација во бараката за „Сектор за инспекциски работи на општината“, со цел да се достави дозволата за поставување на времениот објект и важност на дозволата. Во спротивен случај Секторот за инспекциски работи ќе биде принудено да изврши присилно отстранување на ваквите објекти, а трошоците ќе бидат наплатени од лицата кои не ја исполниле оваа обврска.
Последната дозвола за поставување времен објект од општината е издадена во 1994 година
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа