Јанакиески: Продажбата на државно земјиште во зоните ја намалува невработеноста
Мерките на Владата за продажба на неизградено државно земјиште по почетна цена од евро за метар квадратен, ги дава ефектите и придонесува за намалување на невработеноста и развој на економијата, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при постета на мини индустриската зона во селото Зубовце, Гостиварско.
Досега, со новите мерки, сопственици добиле 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти.
Во разговор со сопствениците на индустриските капацитети министерот се запозна со развојот на нивните бизниси, откако на локација близу селото Зубовце, почнаа со градба пет нови објекти.
- Мерката која ја воведовме пред три години ги даде своите ефекти. Со неа е озвозможено да се изградат објекти на над три стотини локации. Целта беше да се вработат нови луѓе и да се намали невработеноста, рече министерот министерот Јанакиески.
Паралелената мерка на Владата, за намалување на комуналиите за 95 проценти, според министерот Јанакиески, дала дополнителни резулатати во зголемувањето на интересот на стопанствениците за проширување и развој на нивните бизниси.
„Стопанскиот комплекс Зубовце“ се протега на 15 хектари, на територијата на општина Врапчиштем, а во него се развива прехранбено-преработувачка индустрија. Моментно, целосно функционира еден капацитет, месната индустрија „Карнем“, а годинава се очекува уште три да почнат со работа. Според најавите, таму работа ќе најдат над сто лица.
Во Република Македонија, 45 општини имаат право да отуѓуваат државно земјиште. За последните три години, биле отуѓени вкупно 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти. Од нив, за индустриски и производствени цели, општините отуѓиле 243, а министерството 74 парцели
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа