Денеска марш на Матка

 

Како најава на планинарската сезона во Македонија, денеска ќе се одржи 18-тиот  „Марш на Матка“. 

Маршот почна од ресторанот „Манастирска пештера“ (некогашна „Мечкина дупка“),  во 10:05 часот, а првите педесетмина кои ќе пристигнат на Петров Камен, односно Свети Спас, ќе добијат по една книга од издавачката куќа „Матица македонска“.

Маршот го организираат Планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД, помогнати од „Неоком“, „Алкалоид“ и „Датинг“,  а поддржан е и од Федерацијата на планинарските спортови, познатите планинарски друштва „Кораб“ и „Трансверзалец“, како и од Скопско туристичко лето.

На маршот ќе учествуваат и членовите на Здружението „Нефрон“, во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на бубрегот. Здружението ќе има свој пулт на кој ќе дели едукативни летоци и шише вода за секој учесник, со порака „Започни го денот со чаша вода - мисли на здравјето, на своите бубрези“.

16.03.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега