Полицијата демне - пајакот прави парче на улиците во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје со помош на "пајакот" биле отстранети 40 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Исто така, полицијата вчера откри и санкционираше 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите и седум возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на возачката дозвола.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа