Возат пијани и без дозволи - полицијата демне на скопските улици

 

Во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно девет сообраќајки во Скопје. 

Полицијата демне. Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција исклучени се 12 возила поради утврдена неисправност на системот за стопирање, системот за управување или, пак, на пневматиците. Санкционирани се и 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, четири возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување на возилата под дејство на алкохол.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

12.03.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега