Македонски Телеком нуди два месеци бесплатен оптички Интернет

 

Македонски Телеком достигна покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40% за петнаесет месеци. Овие домови сега имаат можност да ги користат Optic пакетите од Македонски Телеком кои претходно не беа достапни.

Зголемената покриеност е резултат на инвестициите во оваа водечка технологија, со која корисниците можат да добијат нови услуги и интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, што е до сто пати побрзо од типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците сега можат да преземат видео содржина за помалку од една минута.

Во истиот период, бројот на корисници на Optic пакети кои вклучуваат интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, се зголеми за 98% и достигна 12 илјади на крајот на 2013 година.

Поради големиот интерес на корисниците, Македонски Телеком ја продолжи понудата за Optic пакетите до 31 март 2014. Со понудата, секој нов корисник  на Optic пакетите може да проба интернет со голема брзина два месеца без доплата.

 

Повеќе информации на  www.t-home.mk

12.03.2014 - 12:42
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега