Ако сте сингл возете се во последните вагони

 

Новата акција на прашката транспортна компанија која стопанисува со подземната железница во чешката метропола, ќе им помогне на "сингл" лицата да си ја најдат љубовта на животот.

Идејата се состои во тоа што, последните вагони од метрото ќе бидат наменети за „сингл“ лица, кои се уште немале можност да го сретнат својот животен партнер.

- Сакаме на јавноста да и ги покажеме позитивностите за патување со нашите транспортни средства кои најчесто не ги забележуваме. Рекламните плакати на луѓето ќе им покажат дека некои работи можеме да ги направиме за време на тие десетина минути додека се возиме во трамвај или метро, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Милан Кристек.

На плакатите ќе има стихови и делови од романи на чешки писатели како и музика од познати домашни групи. Се планира идејата подоцна да се развие и да бидат организирани акции, како на пример избор за најдобро љубовно писмо или наградна игра во која ќе биде избрана најинтересната љубовна приказ

најчитано сега