Тинејџерки се обиделе да си ги пресечат вените со жилет - сакале да се убијат поради лоша оценка
Две тинејџерки од Нови Сад предизвикале вистински хорор за нивните родители откако се исекле со жилет поради лоша оценка која ја добиле на училиште.
Како што пренесуваат српските медиуми, двете ученички чиј идентитет не се открива, се обиделе да се самоубијат во училишниот тоалет сечејќи се со жилет по телото, додека во училиштето траел родителски состанок. Едно од девојчињата се обидело да си ги пресече вените, а другата 13-годишна тинејџерка откако ја видела крвта, испаничена се откажала од намерата.
- Девојчињата избегале од шести час и отишле во продавница. Купиле жилет и се вратиле во тоалетот за да се самоубијат поради родителскиот состанок на кој нивните родители ќе дознаат дека имаат лоши оцени, вели извор од училиштето „Jožef Atila“ каде одат ученичките.
Откако едното девојче започнало да си ги сече вените, иако не си нанела длабоки повреди, другото се испаничило откако видело колку крв има на подот од тоалетот.
Родителите на девојчињата се запрепастени од она што го направиле, а директорот на училиштето потврдува дека имало ваков несреќен настан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа