Приведена српската пејачка Весна Зимјанац
Познатата српска пејачка Весна Змијанац и нејзиниот колега Ќемо пред неколку денови заминале на настап во Љубљана но поради пребрзото возење на Ќемо, двајцата завршија во полициска станица во сремска Мировица.
Додека возел Ќемо ја забележал полицијата и почнал да ја намалува брзината но било предоцна.
- Ќемо возеше со брзина од 170 километри на час, а на тој дел од авто-патот е дозволено да се вози со најмногу 120 километри на час. Во еден момент тој забележал дека го следи едно „ауди“ со необична сина боја и токму кога сакал да и каже на Весна оти смета дека зад нив е полиција, на автомобилот се вклучиле ротациски светла – открил извор на српски Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа