Терапијата за мултиплекс склероза од денеска ќе се подигнува еднаш на три месеци
Пациентите со мултиплекс склероза од денеска со само една посета на Клиниката за неврологија ќе можат да подигнуваат тримесечна терапија, а се работи за олеснување кое го овозможува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на иницијатива на Здружението на пациенти со мултиплекс склероза, а во соработка со Клиниката за неврологија.
ФЗОМ годинава за 225 пациенти со мултиплекс склероза кои примаат интерферонска терапија, на Клиниката на неврологија и додели наменски буџет од 131,5 милиони денари.
Инаку, мултиплекс склероза е автоимуно заболување при што имунолошкиот систем ги напаѓа нервите во мозокот и рбетниот мозок, што предизвикува проблеми со движење, мускулна слабост, траен инвалидитет и губење на видот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа