Америка ќе се запознае со можностите за снимање филмови во Македонија
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, заедно со министерот без ресор Веле Самак, денеска во Лос Анџелес пред група бизнисмени ќе ги презентираат можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.
Најголем дел од пријавените се од ИТ секторот и филмската индустрија. По завршувањето на презентацијата закажани се поединечни средби со високи претставници од компанијата Волт Дизни, како и посета на Ворнер Брадерс Студио.
Целта на средбите е директно да се промовираат бенефециите што македонската Влада ги нуди на заинтересираните што ќе одлучат да снимаат филмови на територијата на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа