Десово ќе добие Центар за ран детски развој

 

 Во селото Десово, Општина Долнени денеска ќе биде отворен третиот Центар за ран детски развој.

Новиот Центар ќе овозможи седумдесет деца на возраст од три до шест години во смени, да почнат првпат да посетуваат организирана програма за ран детски развој.

Отворањето на Центарот е во рамки на иницијативата за поддршка за отворање нови центри за ран детски развој на Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ), Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Општина Долнени. Општината Долнени го обезбеди просторот и ќе ги покрива тековните трошоци.

Предвидено е отварање на најмалку осум центри од донацијата на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија во износ од 50.000 американски долари. Првите два беа отворени во село Селце, Општина Тетово и село Јаргулица, Општина Радовиш. 

03.03.2014 - 08:59
Фото: 
crnobelo.com

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега