МЕТЕОАЛАРМ: Дождот ја стави Македонија во жолта предупредувачка фаза

 

Европскиот Метеоаларм ја стави Македонија во жолта предупредувачка фаза. Според податоците кои ги објави систмот за предупредување времето во Македонија има потенцијал да стане опасно. Жолтата фаза е предупредување во ситуации кога временските прилики не се невообичаени но кога посои можност за потенцијално опасни случувања. Предупредувањето се однесува на врнежите на дожд.
Во моментов низ цела Македонија врне дожд а на планините снег. 
Слично време метеоролозите предвидуваат и за во наредните неколку денови. Разведрување се очекува дури на крајот на наредната недела

02.03.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега