"Дај ми 7.000 евра или сите ќе ги видат твоите разголени фотографии"

 

Млада девојка од Белград долго време била уценувана од маж кој го запознала на Фејсбук.

Според податоците од српските медиуми, се работи за девојка од Белград која си пишувала со еден маж кој го дадала за пријател на Фејсбук, а тој на фотошоп ги направил нејзините фотографии и потоа ја уценувал дека доколку не му даде 7.000 евра, разголените фотографии од неа ќе излезат во јавноста.

Откако ги добила фотографиите преку мејл забележала дека тие се монтажа и тогаш го информирала сопругот, а потоа случајот го пријавиле во полиција.

02.03.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега