Бан Ки-мун се сретна со Василакис
Грчкиот пратеник во разговорите за спорот за името, Адамантиос Василакис, вчера во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Од Обединетите нации не дадоа повеќе детали за средбата.
Не е предвидено при оваа посета на Василакис во Њујорк да се одржи средба и со македонскиот претставник Зоран Јолевски. Се очекува Василакис да се сретне и со пратеникот на генералниот секретар за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.
01.03.2014 - 10:17
Фото:
денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа