Мал рокер со големо срце- организирал концерт и собрал 15.000 евра за лекување на неговата другарка

 

После две операции од парите собрани од хуманитарни акции осумгодишниот рокер Ненад Ранкович Џони, кој е роден со пола срце не заборава да им помогне на другите.

Тој успеа да организира хуманитарен концерт и собра 15.000 евра за лечење на неговата болна другарка.

Наместо роденденска забава, и поклони тој побара од публиката оние кои се во можност да донираат на сметка на неговата другарка Лана Николич за трансплатација на коскена срж.

"Особено ми беше драго кога дознав дека можам на тој начин да и помогнам на Лана и добив голема поддршка од родителите за оваа организација иако самиот го направив репертоарот за песните и целиот настан самиот го организирав. Концертот беше напорен но имав само едно мото- Се за помош вели Никола.

 

Тој вели дека многу му е мило поради тоа што успеал да собере доволно пари и конечно Лана заминува за Рим каде наскоро ќе и биде направена операција.

 

Музичката кариера ни е на прво место, а рокенролот го засакавме од групата Ван Гог вели Никола и додава дека најголема желба му е исто како и неговиот идол Слеш да ги наполни најголемите концертни сали во светот.

28.02.2014 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега