Министерот Ивановски на ИТ состанок во Калифорнија
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествува на состанокот на Независниот Панел за глобалниот интернет организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), кој вчера и денеска се одржува во Калифорнија, САД.
- Работата на панелистите во ова високо тело е фокусирана на развојот и глобализацијата на тековната интернет рамка и неопходните механизми поврзани со тој процес, информира Министерството за информатичко општество и администрација.
Министерот Ивановски ќе оствари средби со претставници од владини институции, приватниот сектор и светските телекомуникациски организации, со кои ќе сподели значајни искуства од областа на информациско-комуникациските технологии.
Завршниот состанок ќе се одржи во рамки на Светскиот економски форум, во мај 2014 година во Дубаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа