Меморандум за соработка со Клиниката во Штутгарт

 

Премиерот Никола Груевски кој денеска го завршува престојот на Сојузна Република Германија за време на посетата на Клиниката во Штутгарт треба да потпише меморандум за соработка со оваа престижна медицинска установа.

Меморандумот опфаќа размена на искуства и искористување на медицинското знаење и потенцијал на Клиниката во Штудгард која е една од најнапредните во Германија. Ќе има  размена на лекари, пред се од болницата да дојдат во Скопје и  заедно со цели тимови да работат на обука и да вршат операции во присуство на македонски лекари.

Во Германија, Клиниката Штутгарт е една од најголемите и најефикасни болници која обезбедува висок степен на специјализација и широк спектар на услуги во речиси сите медицински дисциплини. Болницата има  2.100 болнички кревети, а годишно се третираат над 87.000 пациенти, како и 425.000 амбулантски случаи годишно. Вкупниот број вработени е 6.800 кои обезбедуваат непречено функционирање на болницата.

 

28.02.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега