Полицијата откри филмска измама тешка 3,5 милиони евра во Македонија

 

Финансиската полиција објави дека во штипското обвинителството поднела кривична прија за измама и фалсификување со што е направена штета на фирма за откуп на стари акумулатори во вредност од околу 3 и пол милиони евра.

 

 

 

 

Осомничени се три лица и една фирма. Парите завршувале на сметка на отпад за стари акумулатори со лажни потврди за откуп на стока. Еден вработен во отпад и директорот на отпадот на акумулатори заедно со третиот соучесник, којшто е вработен во оштетената компанија правеле лажни фактури за наводно купување на акумулаторите иако во реалноста немало купување и преземање на стоката. Оштетената фирма ги плаќала фактурите со што, според финансиската полиција била измамена за да 214 милиони денари односно за приближно 3 и пол милиони евра.

 

Во продолжение соопштението на Финансиската полиција:

 
 

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори, на начин што првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари (околу 3 и пол милиони евра).

27.03.2025 - 18:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега