Македонските компании ќе ги користат услугите од најсовремените лаборатории

 

Владиниот потпарол Александар Ѓеоргиев денеска на прес-конференција истакна дека во вториот квартал од оваа година македонските компании ќе може да ги користат услугите на најсовремените лаборатории што веќе функционираат во рамки на високообразовните институции и научноистражувачките центри. Се работи за 40 лаборатории кои ќе бидат комерцијализирани, ставени во функција на бизнисот. Дел од нив се веќе акредитирани, а за 32 процесот на акредитација е во тек и треба да финишира до крајот на 2014.

- На овој начин Владата дава дополнителна поддршка и можност за развој на домашните компании преку намалување на трошоците, поголема ефикасност и продуктивност со оглед дека досега најразличните испитувања и анализи се вршеа во странство што значеше повеќе пари за транспорт, загуба на време, истакна Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

Проектот за осовременување на 80 лаборатории во високообразовните институции и научноистражувачките центри Владата го почна во 2010 година. За оваа намена беа реализирани 26 милиони евра. 

27.02.2014 - 12:34
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега