Пратениците со полни раце работа

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 85. седница со гласање за повеќе закони кои се носат по скратена постапка, а за кои општата расправа пратениците ја завршија вчера. 

Општата расправа заврши за Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за здравствена заштита, измените и дополнување на Законот за здравствено осигурување, на Законот за санитарна и здравствена инспекција, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за лековите и медицинските помагала и за Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сите по скратена постапка.  

Започната е и расправата за измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација, исто така по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за социјална заштита, на Законот за инспекцијата на труд и на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, сите во скратена постапка. По иста постапка треба да се донесат и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за филмска дејност, на Законот за култура и на Законот за заштита на културното наследство.  

Меѓу точките се и финансиските планови на повеќе институции за работа во 2014 година, како и предлог-одлуките за одобрување на тие финансиски планови.

27.02.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега