Георгиевски бара претседателот и неговиот заменик да се бираат во Собрание
Првиот човек на ВМРО-НП и коалиционен партнер на СДСМ Љубчо Георгиевски, бара претседателот на Република Македонија се избира во Собранието. Тој покрај тоа што изјави дека нема да ја поддржи канидатурата на Иванов, побара и покрај претсесдателот во Собранието да се бира и потпретседател на државата.
- Правиме многу тензија за функција која многу не носи. Затоа, ние нудиме во Парламентот да се избира претседател и потпретседател, а овие избори од ваков тип на кои се избира шеф на државата да бидат последни. Да потпишеме Декларација според која сите политички партии јавно ќе ги информираат граѓаните дека од нив го бараат мандатот за затворање на процесот на преговорите со Грција, со решавање на проблемот поврзан со името. Партиите кои ќе ја формираат следната влада да добијат мандат да го решат проблемот со Грција во најбрз можен рок, изјави Георгиевски.
Претходно, со ист став како и Георгиевски дека претседателот треба да се бира во Собранието излезе и ДУИ, од каде рекоа дека ќе бараат измени на Уставот и ќе превземат конкретни чекори за смена на изборниот модел и избор на претседател на државата во Законодавниот дом.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа