Toдоров: Во тек е тендерот за изградба на новата штипска Клиничка болница
Тендерот за изградба на новата Клиничка болница во Штип е распишан и е во тек, рече министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на штипската болница.
- Овој тендер го објавува Банката на Советот на Европа од каде што практично се обезбедени финасиите. Тие ги определуваат и роковите, согласно роковите кои се определени до 18 март, а тоа е првата фаза од тендерот, по што ќе почне фаза на еволуација, истакна Тодоров.
Тој објасни изградбата на Клиничката болница ќе стартува откако ќе завршат сите рокови на Банката на Советот на Европа.
- Тоа ќе биде болница некаде околу 30.000 м/2, многу современа и наскоро ќе го презентираме комплетно целиот проект, и тоа не идејното, туку комплетното решение, кое во завршната фаза, додаде Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа