Кочанчанец разлути група пензионери - дрско им ги крадел пензиите

 

Koчанчанецот Ѓ.М.(47) си заработи кривична пријава, откако фалсификувајќи потписи украл 11 пензии.

Ѓ.М. кој бил вработен во „Македонски Пошти“ - Делчево, во декември минатата година одлучил да земе некој денар плус, па фалсификувал потписи на 11 пензионери од Делчево и си ги присвоил нивните пензии. Кочанчанецот се збогатил за 113.328 денари.

За среќа, кочанчанецот бил откриен и против него е поднесена кривична пријава за„злоупотреба на службената положба и овластување“. 

 

26.02.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега