„Македонија загуби голем човек“ - во Мостар одбележана 10-годишнината од смртта на Трајковски

 

Македонија загуби голем државник и визионер со европска и евроатлантска стратегија, регионот миротворец посветен на дијалогот, градењето доверба и меѓусебно разбирање и почитување, а светот пак човек со големо срце кој со својата добра мисла ги поврзуваше луѓето каде и да одеше. Ближните загубија сакан сопруг, татко, син, брат, роднина, пријател, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој денеска ја предводеше македонската државна делегација на одбележувањето на 10 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници во месото Ротимље кај Мостар.

Во македонската делегација беше и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, претставници на АРМ, а венци свежо цвеќе на спомен обележјето положија и претставници на највисоките власти на БиХ, како и претставници на здруженијата на Македонците во БиХ и македонските миротворци дел од АЛТЕА и Марија Трајковска внука на починатиот претседател, пренесува МИА.

- Денес 10 години подоцна сеуште чекаме да се исполни визијата на Борис Трајковски за европска Република Македонија. Уверен сум дека неговиот сон и сонот на секој македонски граѓанин за Македонија, како полноправна членка на ЕУ и на НАТО ќе биде остварен, изјави Иванов, потсетувајќи дека последниот документ врз кој Трајковски го стави својот потпис беше апликацијата за членство на РМ во ЕУ.

Претседавачот на босанското претседателство Желко Комшиќ истакна дека македонскиот претседател Борис Трајковски беше пријател на БиХ, пост политичар, дипломат и државник.

- Болката што неговото семејство ја чувствува веќе десет години, за жал неможеме да понудиме утеха, туку само сочувство во надеж дека семејството ќе дојде до вистината и ќе го добие заслужениот мир во своите души. БиХ изуби голем пријател, а целиот регион голем лидер, рече Комшиќ. 

26.02.2014 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега