Уште еден земјотрес ја потресе Грција
Слаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.
На земјотресот му претходел послаб потрес од 3,1 степени.
Ова е втор земјотрес во северена Грција денеска, откако претходно утринава потрес со интензитет од четири степени според Рихтер го погоди реонот на Кожани.
Денешните земјотреси не предизвикаа човечки жртви и материјални штети
26.02.2014 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа