Се закотвува и третата галија во Вардар

 

Се расчистува дното и се подготвува теренот за втемелување на третата галија во реката Вардар.

Галијата ќе никне спроти Археолошкиот музеј, меѓу мостот „Око“ и Мостот на уметноста. За разлика од другите два кои се замислени само како ресторани, овој брод ќе има и дел кој ќе функционира како хотел. Предвидено е хотелот да содржи 16 соби и два апартмани.

Третиот брод ќе поседува систем на хидраулика со кој ќе се овозможи бродот да се крева и спушта во зависност од водостојот на Вардар. Галијата ќе биде долга 35 метри, а широка 15 м. 

Над палубата ќе никне 35 метарски јарбол на кој ќе се вее знаме. Конструкцијата на бродот ќе биде метална, но, однадвор обложена со дрво.

 

 
26.02.2014 - 10:38
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега