Прва крводарителска акција во Росоман - собрани 22 крвни единици

 

 

Црвениот крст од Кавадарци во соработка со локалната самоуправа на Росоман денеска организираа крводарителска акција во која собраа 22 крвни единици.

- Ова е прва од двете планирани крводарителски акции во Росоман согласно нашата програма за работа. Задоволни сме од одѕивот за доброволно крводарување. Впрочем, Росоман има хумани луѓе кои сакаат да спасат нечиј живот, изјави секретарот на Општинската организација на Црвениот крст, Розе Илова.

Таа истакна дека од почетокот на годината собрани се околу 400 единици крв и оти годишниот план ќе биде натфрлен.

25.02.2014 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега