"Селфи" фотките причина за појава на вошки кај тинејџерите

 

Според американските експерти поради сликањето на "селфи" фотографиите настанал порастот на појавата на вошки кај тинејџерите.

Марси Мек Килан, експертот за вошки, вели дека иако е познато дека вошките обично се појавуваат кај помалите деца, дека е забележан и голем пораст кај тинејџерите во последно време.

"Обично лечам мали деца, бидејќи тие се повеќе изложени на тој контакт со главите, но сега се покажа дека тоа е случај и со тинејџерите кои секој ден ги држат главите една до друга, поради фотографирањето на популарните селфи фотки", изјави Мек Килан.

Тинејџерите обично кога се фотографираат за популарните "селфи" фотки, ја држат главата една до друга, а не знаат дека тоа е потенцијална опасност и дека тоа би можело да биде моментот кога ќе добиете вошки, односно дека некој може да ви ги пренесе на таков начин.

25.02.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега