Еве што мислат жените за првото сексуално искуство
Без оглед на тоа кога девојките од нејзината околина ја губат невиноста, секоја девојка невиноста би требало да ја изгуби кога ќе почувствува дека е подготвена за тоа и кога ќе знае дека тоа го сака. Читателките на сајтот Хафингтон пост со останатите читатели ги споделиле своите приказни за губењето на невиноста.
Беше оженет, 30 години постар од мене
„Беше оженет и имаше 30 години повеќе од мене, но неодолив. Јас инсистирав на тоа. Го сакав тоа. И на крајот го добив она што го сакав. Кога сфатив дека гол човек се извива на мене, се’ на што мислев беше ’Боже, се надевам дека никогаш повеќе нема да треба да го правам ова’“ – раскажала 32-годишна читателка од Торонто.
Не ме болеше воопшто, но не беше ни добро
„Јас имав 15 години, а тој 19. Никогаш не зборувавме за тоа пред да се случи. Веќе имав орален секс претходно и ме допираа таму долу, па мислев дека тоа нема да биде голема работа, но згрешив. Ми беше срам кога погледите ни се сретнаа. Не ме болеше воопшто, но не беше ни добро. Не бев возбудена ни најмалку, и се исплашив дека сум асексуална. После односот со часови зборувавме за тоа, а потоа имавме многу добар секс“ – напишала 19-годишна читателка од Јута.
Ја изгубив невиноста на трамполина
„Сите мои пријателки ја изгубија невиноста пред мене, но јас си ветив дека ќе почекам до 16 години. Наполнив 16 и заминав на забава. За жал, се загледав во најпривлечното момче на забавата и спиев со него на трамполина. Не беше магично ни исклучително, но кога и да му спомнам некому како ја изгубив невиноста, интересно им е“ – вели 31-годишна жена од Вирџинија.
Се’ уште се сакаме
„Прв пат водев љубов со жена едно пролетно попладне. Заминавме во ботаничка градина и цело време се држевме за така. Водевме љубов во спалната соба. Беше нежно, топло и прекрасно, и се’ уште сме заљубени една во друга“ – вели читателка од Сент Пол, 30.
Го прашав она што ниеден маж не сака да го прашаат, „Дали е внатре?“
„Беше два часот наутро и се сеќавам на моментот кога лежеше на мене и ме прашуваше дали сум сигурна. После тешкото дишење почувствував нешто. Не беше болка, па го прашав нешто што никој маж не сака да го прашаат, ’Дали е внатре?’. На тоа ми одговори ’Да, внатре е, зарем не чувствуваш?’. Неколку минути подоцна, имав на мене испотен маж кој тешко дишејќи велеше дека било неверојатно. А јас не ни сфатив дека во текот на односот не ме ни бакна“ – Лос Анџелес, 22.
Толку ги стегав очите, што ми излегоа контактните леќи
„Тогаш одев во средно училиште, а мајка ми и сестра ми не беа дома. Ја изгубив невиноста на подот на дневната соба. Толку ги стегав очите што ми излегоа контактните леќи, па моравме да станеме“ – Вирџинија.
Единствено нешто кое не го знаеше за мене е дека се’ уште бев девица
„Ја изгубив невиноста релативно доцна, на 24 години. Се забавував со момче кое не знаеше дека сум невина. Секој пат кога се галевме имав глупав изговор да не преминеме на работа, бидејќи се плашев дека ќе крварам и дека така ќе открие дека се’ уште сум невина. Мислев дека е срамота што на 24 години сум невина, и дека тоа значи дека никој не ме посакувал. Сакав да имаме секс, но се плашев. Еден ден се напивме и се случи тоа што се случи. Не крварев (можеби сум го пробила хименот мастурбирајќи), и тој не забележа дека ми е прв пат. Бев нервозна, сакав тој да се чувствува како да има секс со ’нормална девојка’, па не уживав многу. Денес имам здрав сексуален живот“ – Колумбија, 25.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа