Горан Ракиќ е новиот градоначалник на Косовска Митровица
За нов градоначалник на Северна Косовска Митровица избран е Горан Ракиќ од Српската граѓанска иницијатива.
-Со победата на Српска победи државата Србија. Мојата прва задача е ослободување на сите ,,неправедно уапсени Срби”, а со тоа, тие ќе можат да се бранат од слобода. По ова почнуваме со формирање на Заедницата на српски општини – посочи Ракиќ.
Централната изборна комисија на Косово соопшти дека, излезноста на изборите достигнала 20, 7 проценти од вкупниот број регистрирани гласачи, додека пак Ракиќ освои 2.707 гласови, а неговите тројца ривали заедно 2.436 гласови.
Повторените избори за градоначалник минаа без инциденти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа