Грција започнува нова рунда преговори со „тројката“

 

Со цел постигнување договор за пакетот мерки кои би овозможиле да се заврши петтиот преглед на спроведувањето на антикризната економска програма на земјата тројката меѓународни кредитори денеска се враќа во Грција за нови преговори.

Се очекува во рамките на посетата да биде дадена оценка за спроведувањето на програмата за  стабилизација, благодарение на која Атина добива рати за излез од кризата.

Надежите на Грција се дека проценката ќе биде готова пред 10 март, кога ќе се одржи следната седница на Еврогрупата .

Во 2014 година истекува рокот на важење на втората меѓународна антикризна програма за земјата. Експерти предвидуваат дека Грција ќе има потреба и од трета програма, а различните проценки покажуваат дека таа може да варира од 20 до 50 милијарди евра.

Четири од најголемите банки во земјата имаат потреба од дополнителен капитал во вредност од  пет милијарди евра , тврдат извори од банкарскиот сектор. Тоа станало јасно по спроведувањето на вторите стрес-тестови во институциите од страна на Грчката централна банка.

Се очекува резултатите од проверките да бидат потврдени и од претставници на тројката кредитори.

Грчкиот банкарски сектор претрпе огромни загуби од преструктуирањето на државниот долг . Поради тоа четирите најголеми финансиски институции во средината на 2013 година мораа да добијат капитална инекција од 28 милијарди долари.

24.02.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега