Оер: Нема никакво барање за промена на идентитетот на Македонија
Нема никакво барање за промена на идентитетот, ниту на граѓаните, ниту на земјата и тоа е многу важно да се разбере, затоа што овој процес не е процес на откажување, вели француската амбасадорка Лоренс Оер во интервју за Радио Слободна Европа.
-Треба да верувате, еве во еден претставник на Франција, земјата која веднаш ја призна независноста на Mакедонија во 1991 година како независна и суверена земја - не бараме од вас да направите чекор наназад, туку токму спротивното“, вели Оер во интервјуто.
Она што е важно, додава амбасадорката, е дека постои консензус кај македонското население во однос на стратегиската визија на земјата, односно нејзината евроатланска интеграција. Тоа е многу важно, вели таа, затоа што таа рамка која е веќе утврдена за наредните години ние ја поддржуваме, посебно Франција ја поддржува. Прашањето за името во таа рамка треба да се реши.
-Во однос на спорот ќе кажам дека тој подлежи под механизам на меѓународно посредништво, кој е од посебен вид. Станува збор за механизам кој зависи од Обединетите нации и кој бара двете земји да ги приближат ставовите, бидејќи медијацијата ќе биде успешна само ако двете земји го сакаат тоа и ако двете земји одлучат да се придвижуваат напред и да ги приближат ставовите. Повторувам, затоа што сиве овие години оваа медијација постои без да даде резултати, во земјата се губи надежта за какво било решение и не гледаме како да се излезе од овој магичен круг. Прво сакам да кажам дека прашањето за името треба да се реши и второ, нема никаква причина да се нема доверба во механизмите, посебно европските механизми, вели Оер во интервјуто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа