Тодоров: Подобрени здравствените услуги во реновираната болница во Јасеново

 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Болницата за белодробни заболувања во Јасеново која е реновирана со 2,2 милиони евра од Владата. Болницата доби и агрегат за струја и изведен е систем за сончево затоплување.

- Работите се изведени мошне квалитетно и тоа ќе придонесе за квалитетна работа на целиот персонал, но пред се за квалитетни здравствени услуги и сместување на болните, изјави Тодоров, додавајќи дека болницата е реноворана по највисоки стандарди.

Министерот најави дека болницата наскоро ќе добие и нов автобус за превоз на вработените и пациентите. На барање на менаџерскиот тим, оваа здравствена установа ќе биде и партнерно уредена и одбележана со знаци и патокази. 

СПоред директорот на болницата Гоце Бузалков, реновирањето и набавката на најнова софистицирана опрема се подобрени услугите за пациентите, кои се побројни, односно за три години бројката е зголемена повеќе од двојно.

- Во 2011 година бројот на пациенти беше  2. 200, во 2013 година имаше 3.000 пациенти, а минатата 2013 се зголеми на 5.000 пациенти, истакнал Бузалков.

22.02.2014 - 15:09
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега