Koj не би се исплашил од крвав шприц - хорор среде бел ден на скопските клиники
Скопјаните Б.И. (35) и Ш.И. (39) си заработија кривични пријави и 30-дневен притвор, откако полицијата утврдила дека минатата недела извршиле разбојништво во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според информациите од полицијата, двајцата разбојници минатата недела нападнале човек кој одел во продавница во близина на „Мајка Тереза“. Б.И. од зад грб со два удари со тупаница во пределот на задниот дел од главата и со крвав шприц со игла во раката му се заканил дека ќе го боцне ако не му ги даде парите. Неговата партнерка Ш.И., пак, ја претресла жртвата и од џебовите на јакната и панталоните одзела 500 денари и еден мобилен телефон. По разбојништвото, двајцата заминале во правец на Клиниката за кардиологија.
Полицијата за кратко време го пронашла украдениот мобилен и му го вратила на оштетениот. Ограбениот маж ги препознал Б.И. и Ш.И., кои биле приведени во полициска станица. Од МВР велат дека двајцата скопјани се познати сторители на кривични дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа