Македонија и Србија во одлични партнерски односи

 

На средбата меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски со српскиот државен врв било константирано дека односите меѓу Србија и Македонија се значително унапредени, а засилен е политичкиот дијалог и порастот на економската соработка, пренесе Нова Македонија.

На средбата се зборувало и за инфраструктурното поврзување на патните и железничките правци на двете земји кои се од исклучително значење исто како и поврзувањето на системите за пренос на струја. 

Дачиќ истакна дека полициската соработка меѓу Србија и Македонија за искоренување на нелегалното доселеништво, трговијата со бело робје и шверцот на дрога веќе дава резултати.

На состанокот биле разгледувани и можностите за јакнење на трговската соработка, елиминирање на царинските препреки, подобро користење на механизмите на ЦЕФТА и заеднички настап на трети пазари.

22.02.2014 - 11:14
Фото: 
Влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега