Делчевчани потресени: Голем помор на риби во реката Брегалница
Делчевските инспекциски служби се кренаа на нозе откако во реката Брегалница беше забележан голем помор на риби. Според информациите на МИА, земени се мостри од мртвите риби и од водата и примероците се пратени на анализа
Рибарите од делчевско велат дека оваа појава се повторува неколку пати во изминатите неколку години, но, сторителите се уште не се откриени.
- Брегалница во општинскиот атар на Делчево нема концесионер кој би требало да се грижи за рибниот фонд и да реагира на зачестените појави на рибокрадство и труење на рибниот фонд, вели спортскиот риболовец Љупчо Георгиевски, пренесува МИА.
Риболовното друштво од Делчево, побарало нему да му се додели концесијата, за да може да покрене соодветна постапка пред надлежните органи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа