Почнува изградбата на патот Кичево - Охрид - Груевски на лице место
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во 13:30 часот ќе присуствува на поставување камен темелник на автопатотКичево – Охрид. Настанот ќе се одржи на потегот на 10 километри после Кичево.
Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.
Автопатот ќе биде со должина од 57 километри и ширина 25,2 метра, во две насоки со три ленти. Предвидена е изградба на тунел долг два километра, седум поголеми и 14 помали мостови, четири вијадукти, како и останата пропратна инфраструктура.
Проектот и е доверен на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за три години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа